Почетна

ПРИЈАВУВАЊЕ на учениците во прво одделение 2026/2027 година

Почитувани родители,

Ве известуваме дека уписот на првачињата за учебната 2026/2027 година може да се врши и електронски преку следната меил адреса на училиштето: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Во прилог е:

Апликација за упис на првачиња

 

Потребно е истата да ја симнете, да ги пополните бараните информации и да ја доставите на погоре посочениот меил на училиштето.

Пријавите треба да бидат пополнети и доставени електронски најдоцна до 29 мај 2026 година.

Исто така Ве информираме дека преку ГИС порталот на Општина Центар

( https://gis.centar.gov.mk/NexusPublicPortal/PublicPortal/Map), можете лесно да проверите дали вашето дете припаѓа на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ според реонизацијата.

Со едноставна регистрација, во делот „Образование и реонизација“ ќе добиете точни информации врз основа на адресата на живеење. Оваа услуга овозможува брза проверка, без потреба од чекање и административни постапки.

За дополнителни информации, слободно обратете се до нашето училиште.

Поврзани содржини

Светскиот ден на книгата и авторските права

Хуманитарен Талент Шоу